Мени

Обновенo: Експлозија од плин запали стан- изгоре сопственикот

17.07.2013 10:03 | KumanovoNews

Божин Трајчевски (70) од Куманово, изгоре во пожарот што предпладнево  избувна во стан на булеварот „Октомвриска револуција„ бр.58, по експлозија на плин.

Обновенo: Експлозија од плин запали стан- изгоре сопственикот

Повредениот итно бил пренесен во кумановската болница, но починал.

Човекот е донесен во болница со изгореници по целото тело од трет и четврт степен, задобиени во пожар. Немаше шанси за реаницмација, бидејќи им подлегнал на повредите кон болницата-изјавиja oд Кумановската болница.

Очевидци на настанот кажуваат дека околу 10.45 часот од стан на првиот кат, прво слушнале силна експлозија, а потоа почнало да лета стакло на сите страни, а испаднал целиот прозорец од кујната пред зградата.

Пожарникарите кажуваат дека во станот е опожарена дневната соба, а бил зафатен и мебелот.

Кога влеговме најдовме едно лице кое имаше тешки изгореници по телото, но даваше знаци на живот-вели еден од петте пожарникари што го гаснеа пожарот.

Полицијата изврши увид на лице место да ја утврди причината за несреќата.