Обука за иновации и претприемништво на наставниците
06.09.2013 10:06
| KumanovoNews
Во просториите на ОУ“Браќа Миладиновци“ денеска се оддржува обука за иновации и претприемништво за наставници од основните училишта во градот.
Нашето училиште е домаќин на обука која ја организира Бирото за развој на образование. Вчера беше првиот и денеска е вториот дел од обуката на кој ќе има наставници од следниве предмети: математика, информатика. хемија, биологија и ликовно - вели Елизабета Костадиновска Костиќ, помошник директор во ОУ„Браќа Миладиновци“.
Знаењата кои ќе ги стекнат наставниците на обуката ќе треба да ги пренесат на учениците од осмо одделение во наставата.