Мени

Обука за јазична писменост на наставниците

03.02.2014 10:02 | KumanovoNews

Во текот на зимскиот распуст наставници од одделенска настава во основното училиште “11 Октомври“ поминаа обука за јазична писменост.

Обука за јазична писменост на наставниците

Во текот на 8 дена тие учествувале на работилници за јазична писменост при што совладувале стратегии и мерки за подобрување на ефективноста на наставата и успехот на учениците по македонски јазик. Она што го научиле на обуката ќе треба да го применуваат во второто полугодие по што ќе има мониторинг од УНИЦЕФ.

Обуката беше организирана со помош на УНИЦЕФ и Биро за развој на образование.

Слични обуки во „11 Октомври“ имаше пред неколку години за математика по што учениците бележат напредок по овој предмет.