Обука за слободен пристап до информации од јавен карактер
28.05.2014 08:20
| KumanovoNews
Обука на тема “Право до слободен пристап на информации од јавен карактер“ ќе се оддржи утре во 9 часот во зградата на Комитет.
Обуката ќе ја спроведат обучувачи од Секретаријатот на Комисија за заштита на правото на слободен пристап на информации од јавен карактер. На обуката ќе присуствуваат граѓани и службени лица кои располагаат со информации од јавен карактер и кои директно се вклучени во спроведување на законот. Целта е преку обуката граѓаните да се запознаат со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и со измените.
Комисијата до крајот на 2014 година ќе организира повеќе регионални обуки на истата тема.