Обука за вработените во ЈП “Македонски шуми“
24.01.2014 15:31
| KumanovoNews
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ денеска се одржa обука за вработените во ЈП “Македонски шуми“ со цел тие да бидат поефикасни на своето работно место.
Оваа обука е задолжителна за сите нововработени во “Македонски шуми“ од цела Македонија.
Обуката се состои од 4 многу важни теми: комуникациски вештини, тимска работа, управување со време и управување со промени. Целта на обуката е да им помогне на нововработените за нивна полесна и побрза адаптација на работното место. Голем дел од нив немааат работно искуство или долго време не работеле - вели Иван Смилевски, тренер во “Мотива“.
Обуки имаше и вчера во Куманово при што беа опфатени 150 вработени.