Мени

Од градот отстранети 500 кучиња скитници

21.06.2011 13:51 | KumanovoNews

  Екипите на ветеринарно-сточарскиот центар "Тодор Велков" уловиле 500 кучиња скитници во градот и околината од почетокот на годината. Екипите интервенирале по јавувања на граѓаните, но и организирано преку месните заедници и надлежните инспекциски служби.

Од градот отстранети 500 кучиња скитници

"Кучињата  се заловуваат со специјална опрема. Се употребуваат кафези,седативи и вакцини.Болните се третираат,додека здравите се дислоцираат подалеку од градот. Младите кучиња се даваат на посвојување "- вели Гордан Таневски, комунален редар во општината.

 Акцијата завршува во јули годинава, но поради големиот број на кучињата скитници во околината најверојатно ќе продолжи. Со акцијата бројот на бездомните кучиња е намален. Во организација на двете институции и на невладини организации во правата половина од годината беа организирани акции за вдомување на кучињата скитници.