Од страв да не останат без работа, не пријавуваат мобинг
Работниците од кумановските фирми не поднеле ниту една постапка за мобинг, затоа што се плашат да не останат без работа. До овој заклучок дошле надлежните на првото македонско Мобинг здружение кое во Куманово, функционира во Регионалниот синдикален совет .
"Прва причина поради која работниците не се осмелуваат да поднесат жалба е стравот да не го изгубат работното место, а втора е неможноста за докажување во судската постапка, бидејќи Закон за мобинг се уште не е донесен. Има измени во Законот за работни односи, со кои лесно може да се докаже мобингот"- вели претседателот на здруженито Гордана Бошковска.
Таа додава дека од почетокот на годинава дваесетина граѓани пријавиле дека биле жртви на мобинг, а од нив најголем дел биле од државните и општински институции од другите градови во државата. Незначителна е бројката на лица кои се распрашувале за мобингот од приватните фирми.
Мобингот најчесто се врши со контроли,закани,омаловажувања и критики по различни основи, политичка, етничка, припадност, потекло и брачен статус.Според Бошковска најчесто мобери се оние лица кои неквалитетно ги извршуваат работните задачи.