Мени

Од утре задолжителна зимска опрема

14.11.2011 09:31 | KumanovoNews

 Од утре 15 ноември, стапува во сила одлуката за задолжително носење зимска опрема на моторните возила во патниот сообраќај.

Од утре задолжителна зимска опрема

Возилата треба да поседуваат пневматици со ознаки М плус С, МС или со стилизирана снегулка, а длабочината на нивната шарка да не биде помала од четири милиметри. Оние кои немаат такви пневматици, ќе треба да носат синџири кои ќе одговараат на големината на тркалата.

Возачите на товарните возила, пак, задолжително ќе мора да имаат и лопати, а сите учесници целосно да ги почитуваат сообраќајните знаци, правила и прописи, како и забраните, кои повремено ќе се воведуваат на некои од патните правци.

Глобата за неносење на потребната зимска опрема, која е задолжителна до 15 март 2012, изнесува 15 евра во денарска противвредност.