Мени

Одбележан Денот на детската литература

03.04.2013 11:58 | KumanovoNews

 2 април се одбележува како Светски ден на детската литература, по роденденот на холандскиот автор Ханс Кристијан Андерсен.

Одбележан Денот на детската литература

Во Куманово во градскта библиотека „Тане Георгиев“ има над 1500 читатели на детска литература. Тоа се главно ученици од прво до осмо одделени, кои најмногу читаат училишни лектири, многу повеќа проза, отколку поезија, меѓутоа има заинтересирани и за слободна литература.

„Најчитан автор во одделот за деца и меѓу лектирите и меѓу оние книги што се бараат за слободен избор, белетристика е Горјан Петрески. Тој со години го носи тој епитет- најчитан автор. Исто така се читаат и делата на Оливера Николова, Славка Манева, Стојан Тарапуза и многу други. Најчитани дела се романите „Марта“, „Сама“, „Снеговите на Климентина“ , „Рано дојде љубовта“. Исто така и две, три лектри на Горјан се застапени како училишни лектири. Доста барани од младите се и авантуристичките романи на Жил Верн„- изјави директорката на библиотеката Нада Ивановска

Преку разни промоции, гостување на писатели, и изложби на книги, се прават напори за да се зголеми бројот на младите читатели.

„Колку и да има читатели ние секогаш се стремиме таа бројка да биде поголема и затоа велиме дека сеуште недоволно се чита„-изјави директорката.