Мени

Одбележан Денот на крводарителите

13.06.2013 12:21 | KumanovoNews

 50 единици крв се собрани на крводарителската акција која денеска ја организираше Црвен Крст по повод Денот на крводарителите - 14 јуни.

Одбележан Денот на крводарителите

Со низа активности го одбележуваме Денот на крводарителите. Сите заинтересирани крводарители дојдоа да даруваат крв. Задоволни сме од одзивот и оваа крводарителска акција стана традиција. Потоа на свечена академија ќе дадеме благодарници на оние крводарители кои дале 5,10 и 25 пати крв, а признанија има за оние кои давале крв 30, 50, 75, па дури и 100 пати крв - рече Билјана Маневска, волонтер во Црвен Крст Куманово.

Благодарници и признанија има за стотина крводарители кои досега многупати ја покажале својата хуманост.

Јас сум крводарител цели 30 години. Дарувам крв редовно. Имам добиено многу благодарници и сега ќе добијам што многу ме исполнува. Се чувствувам многу убаво кога ќе дадам крв, како да имам крилја па ќе полетам. Знам дека ќе спасам нечиј живот. Јас сум работела во Киро Фетак и од тогаш давам крв кога сум во можност - вели Виолета Божиновска.

Меѓу крводарителите имаше помлади луѓе, но и рекордери кои над 100 пати дарувале крв.