Одбележана 106 годишнината на Челопечка кула
Обединетата српска зедница во Македонија, регионален одбор Куманово во сабота на 30 април во селото Челопек, организираше помен и сеќавање на 106 годишнината од битката на Челопечка кула.
Делегации од амбасадата на Република Србија во Македонија, Обединетата српска зедница во Македонија, Здружението за единство на Србите и повеќе граѓани, оддадоа почит на храбрите доброволци, кои ги дале своите животи за ослободување од турското ропство.
Крвавата битка се водела на 29 и 30 април 1905 година, а за нејзиното значење во историјата заборуваше председателот на ОСЗ Часлав Јовановиќ.
„По неуспешнното востание на Србите во кумановскиот и кривопаланачки крај во 1878 година, и по крвавите пресмети на Турците со востаниците, нивно измачување и крвави убиства, настанал тежок период на овие простори и цела Македонија. Една од потешките борби се случила на Челопечка кула, кога 130 српски четници водела тешка борба против побројната турска војска и муслиманите од околкните села. Тука почиваат 25 српски четници, кои во борбата со Турците тука ги оставија своите млади животи - рече Јовановиќ.
Во нивна чест на 25 годишнината од битката бил подигнат споменик од
два дела во висина од 2 метри. Плочата била скршена во 1957 година, а на
нејзината 100 годишнина повторно вратена на старото место. На
иницијатива на жителите од околните селаспоменикот е исчистен, и
направени се скали по кои може посетителите полесно да дојдат до него.