Одбележанa 141 година од раѓањето на Гоце Делчев
По повод 141 година од раѓањето на Гоце Делчев, пред бистата на херојот во дворот на гимназијата, делегации од училиштето, Општината, Советот, политичките партии, борци, невладините организации и граѓани положија свежо цвеќе .
Преданоста на овој херој кон својата земја и својот народ ја заслужува почитта на секоја наредна генерација. Ѓорѓи Николов Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш. Тој е македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, идеолог, водач на македонското револуционерно национално движење кон крајот на 19 и почетокот на 20 век. Се школувал во Солунската машка Гимназија “Свети Кирил и Методи“ каде раководел со таен револуционерен кружок. Бил потоа во Софија во военото училиште. Се вратил во Македонија и работел како учител во Штип, во Ново село каде се сретнал со Даме Груев - потсетија учениците.
Делчев мрежата на организацијата ја проширил и преку Виница организирал тајни канали. Неговото име е неразделно поврзано со Илинденското востание. Делчев загинал на 4 мај во селото Баница и неговото име е синоним на македонската национална историја.