Мени

Одбележани 70 години од битката во Пелинце

13.01.2014 16:06 | KumanovoNews

Со положување на свежо цвеќе пред споменикот од НОБ во Пелинце денеска беа одбележани 70 години од битката во Пелинце.

Одбележани 70 години од битката во Пелинце

Пред споменикот се поклонија борците, роднините на загинатите, вработени во градинката “Анѓел Шајче“, претставници од Општина Куманово  и Општина Старо Нагоричане.

Пред присутните се обрати Благе Јакимовски, секретар на Сојуз на борци Куманово кој говореше за политичката состојба во Кумановско од 1941 година до излегувањето на првите партизански одреди.

 Со оваа победа на 13 јануари 1944 година на бугарскиот окупатор му е зададен одлучувачки удар за победа на бугарската фашистичка окупација. Во оваа победа и покрај тоа што има загинати 2 истакнати борци, Анѓел Шајче и Трифун Летеќи од кумановскиот одред, на останатите борци тоа им дало сила за поголеми борбени дејствија во Козјачието и Јужна Србија - истакна Јакимовски.

Во битката загинале 38 бугарски војници, а 18 биле заробени. Во кумановскиот одред во оваа битка загинале само Анѓел Шајче и Трифун Летеќи.