Мени

Одбележани 70 години од загинувањето на Панче Пешев

05.06.2014 09:54 | KumanovoNews

Претставници од Сојузот на борци Куманово, денеска положија цвеќе пред бистата на Панче Пешев во дворот на музичкото училиште, по повод 70 години од неговото загинување.

Одбележани 70 години од загинувањето на Панче Пешев

   - Првоборецот загина во струмичко - радовишкиот регион на враќање од Грција и таму е погребан. Од истата бригада има и многу други загинати се до Лисец, кратовско, додека се движеле кон бугарска граница до Босилеград - рече Љубомир Спасовски, член на Сојуз на борци Куманово и првоборец.

Панче Пешев е роден во Велес во 1915 година, а детството и школувањето ги поминал во Куманово. Загинал на 5 јуни 1944 година во селото Кушкулија во борба со бугарските окупаторски војски. Бил композитор, музичар,  уметник и учесник во НОБ.