Одземени возила на диви превозници
Инспектори од Министерството за транспорт и врски, денеска во Куманово спроведоа акција за отстранување на возила, кои немаат дозвола за работа.
Во акцијата беа земени пет возила на таксисти, кои сообраќаат на меѓуградските линии. Додека траеше акцијата на автобуската станица, дел од сопствениците на возилата се бунеа, тврдејќи дека не се занимаваат со превоз на патници, туку автомобилите ги користат за свои потреби.
Јас не сум таксист, туку со семејството патувам од Швајцарија на гости во Струмица. Ние сме пет души и не можеме да докажеме дека одиме на гости, без адвокат ни го земаат возилото. Проверија на граница колку пати поминало возилото. Ако е таксист ќе поминал повеќе пати. За ова некој мора да одговара, и сами не ги знаат правилата - вели струмичанецот.
Запленетите возила беа подигани со возила на шлеп служба и пренесени во Скопје.