Мени

Оглас за самовработување со кредитирање

10.05.2014 12:35 | KumanovoNews

Невработените до 20 мај можат да аплицираат за мерката самовработување со кредитирање и да почнат свој бизнис.

Оглас за самовработување со кредитирање

За дејности од помал обем за секое ново работно место државата дава по 3.000 евра со што ќе се финансираат проекти со најмногу 3 работни места, односно ќе бидат помогнати со сума од 9000 евра.

За дејности од поголем обем за барателот на кредит се даваат 5.000 евра, плус за секое ново работно место по 3.000 евра и ќе се финансираат проекти со најмногу 5 работни места, што значи дека ќе бидат исплатени најмногу 17.000 евра.

За овие кредити каматата е 1 отсто годишно со тоа што парите до 9.000 евра треба да се вратат за 3 години со 1 година грејс период, а  доколку се работи за повеќе од 9.000 евра тие се враќаат за 5 години со 1 година грејс период.

Повеќе детали заинтересираните можат да добијат во работните клубови во Центрите за вработување низ државата.