Олимписки игри на село
19.05.2011 08:08
| KumanovoNews
Во основното училиште „Светозар Марковиќ„ во Старо Нагоричане утре и задутре ќе се одржат Мали училишни олимписки игри на село.
Во натпреварувањето учество ќе земат ученици од основните училишта „Браќа Миладиновци„ од селото Пчиња,„Вера Которка„ од Клецовце, „Толи Зордумис„ од Резановце, „Карпош„ од Умин Дол, Браќа Рибар од Табановце, „Христијан Карпош„ од Младо Нагоричане и „Христијан Карпош„ Драгоманце.
Уцениците ќе се натпреваруваат во: улична трка, скок во далечина, фрлање ѓуле, кошарка и фудбал, а сите дисциплини се во машка и женска конкуренција.
Спортските игри се организираат по проект по физичко образование. Игрите ќе се одвиваат под покровителство на Општина Старо Нагоричане