Мени

Опаѓа бројот на заболени од грип

20.02.2014 10:20 | KumanovoNews

Се намалува бројот на заболени од грип во Куманово.

Опаѓа бројот на заболени од грип

Последнава седмица на инфективното одделение во Општа болница Куманово се јавиле 46 пациенти со симптоми на грип од кои 9 се хоспитализирани.

Најголем дел од заболените од грип се работоспособни граѓани на возраст од 15 до 64 години. Вирусот на грип најбрзо се шири на температури од - 4 до  4 Целзиусови степени - велат од Центарот за јавно здравје.

Бројот на заболени континуирано се намалува така што по Нова година имаше 273 заболени, а на почетокот на февруари бројот изнесуваше 107 заболени.