Опаѓа водостојот на река Пчиња
21.04.2014 08:37
| KumanovoNews
Во последното деноноќие намален е водостојот на река Пчиња и не постои опасност од излевање.
Од Регионалниот центар за управување со кризи информираат дека нивото на Пчиња кај Доброшане е намалено за 15 цм, моментално изнесува 70 цм и допрва ќе се намалува.
Кај Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце од излевањето што се случи викендов зафатена е мала површина од необработливо земјиште и нема ризик од нови излевања во овој дел.