“Опен фан фудбал“ се оддржа во Старо Нагоричане
Во Општина Старо Нагоричане изминативе два викенда се оддржа “Опен фан фудбал“, спортски настан на кој се вклучија основци од повеќе основни училишта.
Децата играа фудбал на стадионот во Старо Нагоричане, а дел од активностите се реализираа на фудбалскиот стадион во населба Карпош.
Околу 176 ученици од 7 до 11 години беа поделени во 12 секции, другаруваа со топката, со фудбалот. Имавме игри со јаже, хокеј. Децата другаруваа со спортот низ забава и игра. Целта на активистите и на општината беше младите да учествуваат во отворената спортска школа. Од 176 деца 70 се од Старо Нагоричане, од трите основни училишта од Младо Нагоричане, Старо Нагоричане и Драгоманце - изјави Милован Стојковски, градоначалник на Општина Старо Нагоричане.
Тој објаснува дека имаат фубалски терен во Старо Нагоричане кој минимално се користи и смета дека Министерството за образование треба да воведе одбележување на Ден на физичка култура.
Стојковски вели дека вакви манифестации ќе придонесат да заживее Општина Старо Нагоричане.