Мени

Општина Куманово бара луѓе за “Инклузивна летна школа“

22.05.2014 14:08 | KumanovoNews

Општина Куманово распишува оглас за вработување на 10 луѓе, за проектот “Програма за Инклузивна летна школа“.

Општина Куманово бара луѓе за “Инклузивна летна школа“

Се бараат луѓе со завршено средно фискултурно училиште кои ќе бидат тренери за спорт, физиотерапевтски техничари, тренер за драмски активности и тренер за културно - уметнички активности (со искуство во оваа област), тренери за занаетчиска работа со завршено средно образование или долгогодишно искуство, тренери за домаќинство со високо образование или искуство со лица со попреченост- соопштуваат од општината.

Луѓето ќе работат по 20 часа неделно за што ќе добиваат надомест од 6.000 денари со платен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа на работа или заболување.

Заинтересираните кои се водат како активни баратели на работа можат до 25 мај да се пријават во Центар за вработување Куманово и да пополнат пријава за учество во програмата за општинско - корисна работа. Предност ќе имаат невработени лица од ромска популација.

Откако ќе заврши пријавувањето на кандидатите, ќе има интервју за да се направи избор на луѓето кои ќе бидат вработени.