Општина Липково ќе добие Центар за култура
18.03.2014 12:50
| KumanovoNews
Во липковското село Матејче почнати се градежни активности за изградба на Центар за култура и дел од објектот ќе биде готов за неколку месеци.
Тоа ќе биде општински објект и се гради во центарот на селото Матејче. Мештаните се задоволни што ќе добијат Центар за култура, бидејќи досега културни настани се оддржуваа или на отворено или во Куманово. Во Матејче живеат 4000 луѓе, а Центарот за култура ќе им служи на 30.000 жители на Општина Липково - рече Дије Арифи, раководител на сектор за урбанизам во Општина Липково.
Арифи објаснува дека објектот се гради со пари на општината, ресорното министерство, а во меѓувреме аплицирале и за добивање на средства од ИПА фондовите.