Општина Липково ќе стипендира студенти
18.02.2014 08:46
| KumanovoNews
Општина Липково ќе додели стипендии на три категории на студенти и тоа: на социјално - загрозени семејства, од факултетите за природни науки и медицина и студенти со просек над 9.
Конкурсот е завршен и има голем број на апликации. Ќе се формира комисија која ќе одлучува за стипендиите. Целта е на младите кои студираат да им помогнеме ако немаат услови, а оние кои имаат висок просек да ги наградиме. Над 90 отсто од младите во општината студираат во Куманово, Скопје,Тетово, а дел се на приватните факултети - вели Џевдет Рахмани, советник за образование во Општина Липково.
Допрва ќе се утврди и износот со кој ќе бидат стимулирани студентите.
Ова е првпат локалната самоуправа со една ваква мерка да им помогне на младите кои студираат.