Мени

Општината аплицира со три проекти до Агенција за финансиска поддршка на земјоделството

02.07.2013 14:02 | KumanovoNews

Општина Куманово изготви три проекти со кои ќе аплицира до Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделтсвото и рурален развој за добивање на средства.

Општината аплицира со три проекти до Агенција за финансиска поддршка на земјоделството

Се работи  за систем за водоснабдување на село Пчиња, урбанистичка документација за Романовце и уредување на Бислимска клисура.

Тука се луѓето од месните заедници на двете села. Третиот проект е за отварање на Блисимска клисура и валоризација на туристички потенцијали, природно актрактивни. Ќе ја искористиме средбата да поставиме прашања бидејќи краен рок за аплицирање за едниот проект е до утре до 16 часот, а за другиве два до 8 јули - рече Зоран Павловски, раководител на сектор за локален економски развој во Општина Куманово.

Вработените од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството објаснија дека од годинава нудат авансно исплаќање на 30 отсто од сумата, или исплаќање во фази како што ќе тече реализацијата на проектите.

Тие денеска ќе ги посетат жителите на Старо Нагоричане и Липково за да им објаснат како можат да добијат помош за набавка на опрема, приклучна механизација, добиток, за подигнување на лозови, овошни насади и слично.