Мени

Општината ќе издава електронски градежни дозволи

06.06.2013 14:16 | KumanovoNews

Од понеделник Општина Куманово по електронски пат ќе прима барања за издавање на градежни дозволи.

Општината ќе издава електронски градежни дозволи

 Поради одредени технички проблеми сеуште не работиме со таква постапка. Се надеваме дека од понеделник граѓаните веќе ќе можат да аплицираат електронски до секторот за урбанизам. Документите кои се поднесуваат се исти, но во друга форма. Значи ќе се избегне хартија, гломазност и се надеваме дека ќе биде поедноставно - изјави Лидија Ланг од секторот за урбанизам во Општина Куманово.

Таа објаснува дека неделно во просек примаат од пет до десет барања за градба.