Општината исполни дел од условите за превземање на државното градежно земјиште
Во Министерството за транспорт и врски, денеска се доделени овластувањата за водење на постапка за отуѓување и давање под закуп на градежно земјиште сопственост на Република Македонија на лица вработени во единиците на локалната самоуправа.
Овластувања се доделени и на 8 претставници од кумановската локална самоуправа, кои го полагаа испитот за стекнување со сертификат за управување со државно градежно земјиште. Со тоа општината исполни еден од битните услови за превземање на новата надлежност.
Согласно Законот за градежно земјиште, општините кои ќе ги исполнат законски пропишаните услови и ќе го воспостават системот за реализирање на електронски јавни наддавања до 1. јули 2011 година ќе добијат соодветно овластување со кое ќе можат да ги водат постапките за отуѓување на неизградено градежно земјиште, сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно надавање.