Општината организира журка за матурантите
23.05.2013 11:05
| KumanovoNews
За матурантите од сите средни училишта, Општината Куманово и оваа година организира матурска журка.
Како и предходните 6 години и вечерва во 21 часот, во ноќниот клуб Версај, ќе се одржи матурска забава за сите матуранти во градот. Манифестацијата ја организира градоначалникот Зоран Дамјановски и Советот на општината Куманово, во чест на матурантите кои го завршуваат средното образование и стануваат полнолетни граѓани во општеството.-рече Марио Доневски од Одделот за односи со јавност, при општината Куманово на денешната прес-конферeнција.
Влезот за сите посетители е слободен, а матурантите ќе добијат гратис ваучери. Ќе ги забавуваат диџеи и музички групи од градот.