Општински натпревар по прва помош
26.05.2014 08:57
| KumanovoNews
Пред зградата на Црвен Крст Куманово, утре ќе се оддржи традиционален општински натпревар по прва помош.
Пријавени за учество се вкупно 6 екипи од средните училишта во градот и екипа од клуб на млади од Црвен Крст.
Најдобрата екипа од општинскиот натпревар ќе обезбеди учество на државен натпревар по прва помош. Натпреварот почнува во 11 часот.