Општинските службеници учат англиски
Осумдесетина административци од Општина Куманово го изучуваат англискиот јазик.
Предавањата ги држи волонтер од мировниот корпус Кевин Ворк, а групите се формирани според степенот на познавање на англискиот јазик.
Организираме подучување на јавната администрација и полека подготвување за новите законски прописи кои се донесени за да администрацијата има некои прелиминарни познавања на англискиот јазик. Ќе се врши некој вид на полагање во наредниот период. Во овој пролетен период ќе продолжиме, а се надеваме дека истото ќе го продолжиме и со новиот волонтер кој треба да дојде. Има голем интрес, сите се расположени за таков вид едукација - велат од Општината Куманово.
Повеќето административци веќе го учеле англискиот јазик, но сега користат прилика да ги обноват знаењата.
Штета што порано не почнавме со држење на ваква обука за вработените. Мислам дека Кевин е задоволен од тоа што го работи, и сите ние. Јас имам предзнаења, но не сум го употребувала јазикот и нормално паѓа во заборав знаењето. Ова е корисно без разлика дали се луѓето се пред пензија, дали се млади. Ќе им помогне во работа со компјутер ако не друго - рече Фросина Трајковска, помошник раководител во сектор за социјална заштита во Општина Куманово.
Групите еднаш неделно при крајот на работното време оддржуваат часови по англиски јазик.
Во земјава е усвоен Законот за јавна администрација кој наложува администарцијата да го познава англискиот јазик.