Орашац има над 40 стари беќaри
Над 40 неоженети мажи има во селото Орашац. Повеќето од нив се на возраст над 40 години и не можат да најдат брачен другар, бидејќи девојките не сакаат да се мажат во село.
Нашето село е убаво и има добри услови за живеење. Се наоѓа на 12 км од градот, имаме пат, инфраструктура. Смешно е што имаме 40 ергени кои не се женети и ако тоа се реши ќе заживее селото, ќе има многу повеќе деца во училиштето - вели Крсте Милошевски.
За дел од старите ергените проблем е што не се вработени, но со иста судбина се и оние кои се ситуирани и вработени.
Не работат, не се женат, не знам во што е работата. Порано имаше народ, а сега нема ништо. Корзо имаше, диско имаше ама сега е затворено - изјави Горица Дапчевска.
Мажи што неможат да се оженат има во сите кумановски села. Во последно време, актуелни се невести од Албанија, но во Орашац сеуште немаат таква снаа. Некои од мешаните велат дека самите ергени се виновни што не се женети бидејќи денот го поминуваат безделничејќи пред селската продавница.