Остануваат 25 слободни места за упис во „Еуро Колеџ“
Од “Еуро Колеџ“ информираат дека имаат уште 25 слободни места за упис на студенти во прва година.
Оваа година имаме измена во системот на уписи што е во согласност со Законот за високо образование. Имаме ограничена бројка на студенти кои можеме да ги примиме. Оваа година преку нашите дисперзирани студии во Дубаи веќе имаме 45 места за прва година потполнето. Во меѓувреме имаме уште 20 студенти од Македонија кои се запишани регуларно. Мораме да оставиме 10 слободни места за трансфер студентите кои ќе се запишат во февруари. До затварање на квоти ни остануваат уште 25 слободни места - изјави Љубиша Петрушевски, декан на “Еуро Колеџ“.
Во “Еуро Колеџ“ се работи со полна пареа со цел успешен старт на новата академска година. Студентите ќе имаат можност да ги посетат успешните приватни компании и дел од државните институции.
“Еуро Колеџ“ презема низа мерки за доближување на факултетот до студентите кои можат да бидат редовни или вонредни. Овие вторите најдоа интерес за упис, затоа “Еуро Колеџ“ овозможи такво студирање потпишувајќи договор со синдикатот на МВР и договор за студирање под одредени услови има и со сидникатот на АРМ. “Еуро Колеџ“ обрнува внимание и за условите за студирање за бранители - вели Златко Николовски, професор по бизнис право.
Оваа високообразовна институција се подготвува за одбележување на 10 години постоење во ноември, настан на кој ќе бидат поканети нивните соработници од целиот свет.
На “Еуро Колеџ“ веќе година дена студира и кошаркарот Перо Антиќ.