Мени

Оштетен автомобил од заталкан куршум

04.09.2013 10:53 | KumanovoNews

 Заскитан куршум оштети возило во Куманово.

Оштетен автомобил од заталкан куршум

 Инцидентот се случил вчера на ул. „Ангел Дуцо“, кога од заталкан проектил било оштетено паркирано возило „фиат уно“, сопственост на М.С.(56) од Куманово.

Извршен е увид на местото на настанот, проектилот е подигнат за вештачење и  се преземаат мерки за расчистување на случајот.