Мени

Oсум брачни двојки лани посвоиле деца

06.08.2013 12:20 | KumanovoNews

Oд почетокот на годината две семејства од Куманово посвоие деца, а лани истото го сториле 8 семејства.

Oсум брачни двојки лани посвоиле деца

Во Куманово од почетокот на годинава има засновано две посвојувања, а едно дете моментално се наоѓа на адаптација и ќе биде посвоено во септември оваа година - вели Марјан Гијовски, портпарол на Министерството за труд и социјална политика.

Од Министерството за труд и социјална политика во неколку наврати нагласија дека последниве две-три години зголемен е бројот на посвоени деца.