Мени

Осумнаесет ученици запишани во билингвална паралелка

26.08.2014 13:38 | KumanovoNews

Осумнаесет ученици се запишани во прва година во билингвалната македонско - француска паралелка во Гимназија “Гоце Делчев“.

Осумнаесет ученици запишани во билингвална паралелка

Тие ќе следат настава и на француски со цел да го усовршат јазикот во текот на средното образование.

“Оваа година имаме 18 ученици што е една оптимална бројка имајќи во предвид дека можеме да запишеме 25 ученици. Погледнато назад низ годините можеме да кажеме дека интересот се намалува за францускиот јазик затоа што имаме доминација од германскиот, италијанскиот и шпанскиот јазик. Но, во глобала сме задоволни. Она што е најголем проблем од мој аспект е тоа што учениците и нивните родители не се запознаени што можат да добијат со оваа диплома. Ако ги знаат поволностите, ќе има повеќе интерес“ - изјави Лидија Тасевска, одговорна за билингвалниот проект.

Учениците од билингвалните паралелки откако ќе го совладаат јазикот имаат можности за запишување и студирање надвор од земјава во држави каде се говори францускиот јазик.