Мени

Осветена црквата во Тромеѓа

25.04.2011 17:00 | KumanovoNews

Во присуство на голем број православни христијански верници од селото Тромеѓа и населбите ,,Ајдучка чешма‘‘ и ,,Пуковско‘‘ денеска претпладне на вториот ден Велигден е осветена новоизградената црква ,,Свети Ѓоргија‘‘.

Осветена црквата во Тромеѓа

Повелбата за осветување на овој храм, што ќе опслужува неколку илјади верници од споменатите три населби, ја соопшти и ја потпиша неговото преосвештенство Митрополитот Полошко-кумановски Господин Кирил, кој потоа чиноначалствуваше со пригодната света литургија и со првата во оваа црква богодслужба во чест на најголемиот христијански празник - воскреснувањето на Исус Христос - Велигден. Црковната свеченост со свое присуство ја удостоија и претставници од локалната самоуправа и неколку политички партии. Црквата е изградена со помош на верниците од Тромеѓа, како и со донации од христијански верници од светот на бизнисот и политиката.