Мени

Откажан хепенингот за Денот на Европа

09.05.2011 09:51 | KumanovoNews

 Културно-забавната програма што требаше да се одржи на Градскиот плоштад во 11 часот е откажана поради лошото време.

Откажан хепенингот за Денот на Европа

Дождот што непрестано паѓа од вчера, попречи да се рализира предвидената програма. Прославата ќе биде презакажана, а терминот ќе биде соопштен на граѓаните, велат организаторите.

Во забавната програма беше предвидено да настапат ученици од Музичко Училиште “Панче Пешев”, ОУ “Вук Караџиќ” гимназија “Гоце Делчев”, СОУ “Перо Наков”,ОУ “Магдалена Антова” и рок ѕвездата Дани Димитровска.