Мени

Отстрелани два волка во липковско

14.01.2013 15:58 | KumanovoNews

 Ловците од ловечкото друштво “Фауна“, викендов отстрелале два волка во липковсото село Стрима.

Отстрелани два волка во липковско

Ловците секојдневно се среќаваат волци. Сега нема забрана и тие можат да ловат бидејќи нанесуваат големи штети на населението. Две крави биле нападнати од волци во село Пресница. Овчарите за да се заштитат чуваат повеќе кучиња. И ние, ловците имаме штета од нив, бидејќи ни удавија околу 20 загари - вели Имер Ибраими, претседател на ловечко друштво “Фауна“.

Ибраими додава дека сега е актуелен ловот на крупен дивеч, а завршена е сезоната за лов на зајак. Отстрелот на срни е забранет.

Од ловечкото друштво “Сокол“ потврдуваат дека во изминатиот период во регионот имало зголемен број на волци по планините, бидејќи тие мигрираат.

Лани беа отстрелани шест волка. Порано кога беа една општина Куманово, Липково и Старо Нагоричане се случуваше неколку волци да бидат убиени и плус ако најдат две котила со мали, тогаш имаше по 20 волци. Овие волци кои сега ги има во кумановско се движат по 60 км и гравитираат во регионот, одат накај Кратово, Свети Николе - додаваат од “Сокол“.

Волците се почесто доаѓаат и во трлата на сточарите. Неодамна волк растргна 20 овци во двор на едно семјство во селото Романовце.