Мени

Отворен ден во Друштвото за стопанисување со станбен и деловен простор

24.01.2014 14:52 | KumanovoNews

„Отворен ден со граѓаните“ ќе се оддржат во понеделник од 10 до 14 часот во подрачното Друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење на Републиката, во Куманово.

Отворен ден во Друштвото за стопанисување со станбен и деловен простор

Од друштвото ги повикуваат сите граѓани од Куманово, Кратово и Крива Паланка кои имаат прашања од оваа област да дојдат во просториите на улица “Моша Пијаде“ бр.14 во зградата СУ-МА. На отворениот ден ќе присуствува и генералниот директор Цветко Грозданов.