Отворен ден во „Киро Бурназ“
Во земјоделското училиште “Киро Бурназ“ денеска беше организиран Отворен ден на кој основците можеа да се запознаат со профилите и условите кои училиштето ги нуди.
“Киро Бурназ“ го посетија ученици од “11 Октомври“, „Христијан Карпош“ и „Магдалена Антова“.
Учениците можеа да видат што е она што ова училиште го прави поразлично од другите. Поточно ги посетија ветеринарниот кабинет, машинска работилница, мини пекара, современите хемиски лаборатории, кабинет по информатика и мини козметички салон. Учениците ќе имаат можност да се стекнат со современи знаења и вештини во реновираните простории на училиштето, во модерно опремена нова спортска сала, а до училиштетото е организиран бесплатен превоз - вели директорката Весна Трајковска.
Во училиштето има повеќе насоки: ветеринарен техничар, техничар за агроменаџмент, техничар за фармерско производство, прехранбен техничар, техничар нутриционист, пекар, автотехничар-мехатроничар, козметички техничар и фризер.