Мени

Отворен нов граничен премин на македонско-српската граница

06.05.2011 16:07 | KumanovoNews

Нов граничен премин денеска беше отворен на македонско-српската граница кај Крива паланка. Преминот Голема Црцорија- Голеш го отворија министрите за внатрешни работи на Македонија и Србија Гордана Јанкуловска и Ивица Дачиќ.

Отворен нов граничен премин на македонско-српската граница

Преминот е наменет за локален граничен сообраќај на кривопаленечкиот и босилоградскиот регион,и ќе биде отворен само шест месеци во годината, пред се за населението што има имот од двете страни на границата.

Конечно, по 20 години успејавме да добијеме премин за да можеме слободно да ја минуваме границата без да поминуваме по стотина километри. Добро е што тоа се случи на почетокот на земјоделската сезона, па имотите нема да ни останат необработени - вели Дане Јаначков претставник на иницијативниот одбор за отварање на преминот од Крива Паланка, кој потекнува од Босилевград.

Министрите се согласија дека патната инфраструктурна треба да се поправи за да можат граѓните со возила да стигнат до граничниот премин. На почеток преминот ќе биде отворен само за жителите од пограничните села кои со лична карта и пеш ќе ја поминуваат државната граница. Министрите потпишаа и меморандум за соработка во внатрешната контрола, а ги повикаа граѓаните да не ја злоупотребуваат визната либерализација со барање азил во западноевропските земји.