Мени

Отворена канцеларија на Агенцијата за вработување во Липково

03.12.2013 12:06 | KumanovoNews

 Од денеска и официјално во просториите на Општината Липково започна со работа канцеларија на Агенцијата за вработување, каде во иднина ќе се пријавуваат невработените лица од оваа општина.

Отворена канцеларија на Агенцијата за вработување во Липково

На овој начин ќе се растерети Центарот за вработување во Куманово, а граѓаните услуги ќе добиваат во својата општина.

Се трудиме да бидеме поблиску до граѓаните. Ги повикувам сите граѓани на Општина Липково, ако им е тука поблиску да се регистрираат, да бараат работа. Да се информираат за сите активни мерки на Владата на Република Македонија за вработување и добивање средства од државата. - изјави Влатко Поповски, директор на Агенција за вработување на Република Македонија.

Оваа канцеларија ќе опслужува околу 3000 невработени лица кои живеат на територија на Општина Липково.

Јас сум невработен и редовно се пријавувам во Агенција за вработување. Ова за нас ќе биде големо олеснување бидејќи е многу поблиску. Јас сум од Слупчане на 3 км од овдека, а до Куманово треба да поминеме релација од 9 км. - вели Самир Авдија, жител на с.Слупчане.

Градоначалникот на Липково, Садула Дураку се заблагодари за отварањето на канцеларијата со што месното население ќе заштеди време и пари.

Канцеларијата во Липково е 9 - та дипсерзирана во земјава која е под капа на Агенцијата за вработување на Македонија.