Мени

Отворени денови на “Браќа Миладиновци“

02.05.2013 13:03 | KumanovoNews

Основното училиште “Браќа Миладиновци“, денеска ја промовираше работата на училиштето со штандови по математика, македонски јазик, техничко образовние, биологија, физика и екологија.

Отворени денови на “Браќа Миладиновци“

Мотото на нашето училиште е “Отворено училиште за отворено општество“. Тоа значи дека широко ги отвараме вратите за граѓаните, а нашето училиште подготвено е да ги прибере сите деца кои сакаат да стекнат солидно основно образование. На нашиот штанд по македонски јазик имаме ѕидни весници кои ги изработуваме во текот на учебната година - вели Гордица Илијевска, професор по македонски јазик.

На посетителите им беше претставено списанието “Искра“, кое по повод  патронатот на училиштето следната недела ќе излезе од печат.

Училиштето може да се пофали со многу успеси и награди по математика.

 Многу се обрнува внимание на предметот математика и учествуваме на сите можни натпревари во регионот, на државно ниво, балканијади. На регионалниот натпревар на кој бевме домаќини имаме постигнато прва, втора и трета награда. На регионален освоивме прво место. На 11 мај ни претстои државен натпревар - изјави Дафина Јосимовска, професор по математика.

Со овој настан вработените во “Браќа Миладиновци“ сакаат да испратат порака до родителите дека нивното дете во оваа установа ќе добие квалитетно образование.

 Нашата цел е да ги анимираме граѓаните и учениците кои првпат се запишуваат, да видат дека добро се работи, има постигнати резултати. Можат и родителите да видат нивните деца кога оделе на натпревар што работеле, како се развива нивната креативност, нивната творечка работа која е основа за избор на средно стручно или училиште од општа насока - објаснува Љубиша Петковски, професор по техничко образование.

Отворените денови продолжуваат идната недела во вторник, среда и четврток.