Мени

Отворени уште два пензионерски клуба

28.02.2013 15:34 | KumanovoNews

 Во населбите Железничка станица и  Зелен Рид, отворени се нови пензионерски клубови.

Отворени уште два пензионерски клуба

 Огранокот на пензионери од Бедиње отвори клуб на Железничка станица, исто има нов клуб и во Зелен Рид. Ова ни е еден од приоритетите кој го истакнуваме секогаш кога имаме средби. Двата клуба се опремени со спортски реквизити за салонски игри како шах, домино, карти, пикадо. Нашите клубови не се како оние во главниот град, бидејќи таму имаат нови простории, а овдека користиме постоечки простории. Имаме разгледано повеќе од 10 локации, објекти каде со мало уредување може да профункционира клуб - вели Спирко Николовски, претседател на Здружение на пензионери Куманово.

Со помош на здружението ќе се настојува за клубовите да се набави нов инвентар.