ОУ „Христијан Карпош“ реализираше мултикултурен проект
ОУ“Христијан Карпош“ заврши проект со низа мултикултурни активности насловен како “Нашето училиште - дом на соработка и меѓусебна толеранција“.
Во просториите на училиштето вчера беше презентирано сработеното и тоа истражување на одредена фокус група, две работилници “Наша песна“ и “Мултикултурна зграда“, изработка на витражи на скалите и на двата влеза со македонски, српски и ромски елементи, печатење на списание и слично.
Нашето училиште “Христијан Карпош“ важи за училиште кое посветува големо внимание на интеркултурното образование. Како резултат на долгогодишната соработка со “Врама си“ од Куманово и Фондација Отворено Општество Македонија во училиштето се реализираа повеќе активности со наставници, ученици, родители од типот на обуки, работилници, менторства, размена на позитивни практики од настава и придобивки од проектот “Мостови на доверба“. Успешноста на овој проект не поттикна да реализираме уште еден проект - вели директорката Лидија Костиќ.
Таа објаснува дека со овој проект треба да се создаде позитивна клима во училиштето, да се подобри успехот на учениците и да се почитуваат различните етникуми.