ОУ “Светозар Марковиќ“ доби 2000 нови книги
Училишната библиотека во ОУ “Светозар Марковиќ“ доби донација од 2000 книги од “Лајонс клубот“ од Скопје. Меѓу новите наслови има белетристика, лектири, стручна литература.
Книгите се обезбедени од скопска фирма на која овој книжевен фонд веќе ни и бил потребен.
Во образование овие неколку месеци ова ни е трета донација. Со засилени акции исто ќе прододлжиме и понатаму во наредната година. Ние веруваме дека на многу места има книги кои стојат. Сакаме од тие места да ги извадиме и да ги однесеме онаму каде се потребни. Има мешани книги, не се само лектири, има и странски преводи - велата од “Лајонс клубот“.
Од ОУ“Светозар Марковиќ“ велат дека сега располагаат со околу 5000 книги кои ќе можат да ги користат не само учениците, туку и месното население.
Има книги и за повозрасни. Наша тенденција ќе биде оваа библиотека да биде од отворен тип. Оваа учебна година имаме 96 ученика од прво до осмо одделение. Колку за споредба во 2003 година имаше 76 ученика. Години наназад се зголемува бројот на ученици - рече Жаклина Миленковиќ, директор на ОУ“Светозар Марковиќ“.
Градоначалникот на Старо Нагоричане, Миодраг Јовановиќ кажа дека овие книги ќе им користат посебно на земјоделците, но и на децата за да ги збогатат своите знаења од повеќе области.
Дел од овие книги се стручни, не се само лектири. Тој фонд на стручни книги ќе се збогатува постојано, посебно за земјоделството. Тоа им е потребно на жителите, повеќе да читаат за новите технологии, механизации, затоа што се повеќе расте потребата за производство на здрава храна, а ние за тоа сме идеална општина. Се надевам дека ќе имаме повеќе преработувачки капацитети - изјави Јовановиќ.
Децата ги извадија книгите од пакетите за да видат што се имаат од новите наслови.