Мени

Овчите сипаници земаат замав и во Куманово

13.01.2014 10:13 | KumanovoNews

Последниот месец зголемен е бројот на деца заболени од овчи сипаници во кумановско.

Овчите сипаници земаат замав и во Куманово

Според информациите од Центарот за јавно здравје во декември се регистрирани 110 заболени, додека во ноември 60 и во октомври 70 заболени.

Се работи за деца од предшколска и школска возраст кои претежно се лекуваат во домашни услови. Како превентива се препорачува избегнување на блиски контакти и групирање на деца-велат лекарите од Центарот.

По зимскиот распуст се очекува бројот на заразени од овчи сипаници да се намали. Варичела или овчи сипаници е болест која се јавува во зимските месеци додека времето е студено.