Мени

Пакетчиња ќе добијат децата на глувите лица

24.12.2013 12:28 | KumanovoNews

Децата на глувите лица новогодишни пакетчиња ќе добијат во недела во просториите на Здружението на глуви и наглуви Куманово.

Пакетчиња ќе добијат децата на глувите лица

Пакетчиња ќе им бидат поделени на 12 деца до 7 годишна возраст чии родители се со оштетен слух и членуваат во здружението. Традиционално со години Здружението на глуви и наглуви  Куманово празниците на овие деца им ги разубавува со подароци, а за целокупното членство пред Нова година се организира собир во клубот.