Мени

Пакетчиња за децата Ромчиња

24.12.2012 15:16 | KumanovoNews

 Денеска 120 деца добија пакетчиња од невладината хуманитарна организација “Англунипе“. Дедо Мраз ги подели пакетчињата во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“.

Пакетчиња за децата Ромчиња

Можеби сме единствени кои ова го работиме затоа што знаете Ромите се најзагрозени во целата држава, бидејќи 99 отсто се невработени. Сакаме овој ден пред празници да им го одбележиме, да измамиме насмевка на нивните лица. Тука се децата социјални случаи и деца со посебни потреби. Имаме неколку инвалиди,но ги израдувавме сите - вели Мерџан Димерали претседател на хуманитарно здружение “Англунипе“.

Тој кажа дека секоја година се води сметка различни деца да добиваат пакетчиња. На настанот се појави независниот кандидат за градоначалник Виктор Цветковски кој на ромски ги поздрави присутните.

 Многу ми е драго што ве има во толку голем број. Ви посакувам наредната година да ви биде многу поуспешна и да имате нов градоначалник. На сите ви посакувам многу здравје, среќа, радост. Да се гледаме многу повеќе, многу почесто, не само за Нова година, се надевам догодина ќе има уште повеќе и побогати пакетчиња - рече Цветковски.

Ваква акција за делење пакетчиња на ромските деца оваа организација ја прави по четврти пат.