Мени

Пакетчиња за првооделенците во Старо Нагоричане

31.12.2012 10:25 | KumanovoNews

Градоначалникот на Старо Нагоричане Миодраг Јовановиќ, подели новогодишни пакетчиња на сите првооделенци во Општината.

Пакетчиња за првооделенците во Старо Нагоричане

Сакавме да ги израдуваме овие дечиња и да им ги разубави празниците. Некои од нив за првпат се сретнаа со Дедо Мраз и тоа за нив претставува неверојатно доживување.Децата со своите учителки дојдоа во Општината и со тоа се запознаа и со нашата работа и ги видоа просториите во кои работиме. Нашата грижа за учениците и посветеност во образованието ќе продолжи и наредната година- изјави градоначалникот Јовановиќ.

За над 30 ученици од прво одделени во сите основни училиште во Општината и нивните наставници градоначалникот им посака многу успех во наредната година.