Пакети со храна за 20 сиромашни граѓани
12.05.2014 09:58
| KumanovoNews
Црвен Крст ќе поделени дваесет прехранбени пакетина на инвалиди и сиромашни граѓани.
Овие пакети ќе бидат донирани за жители на урбани и рурални средини во Општина Куманово, Липково и Старо Нагоричане.
- Средствата се собрани од граѓани и фирми во текот на Недела на солидарноста која траеше од 22 до 28 април. Донираа две фирми и повеќе граѓани. Немаше некоја одредена сума, туку донираа кој колку сака и може - рекоа од Црвен Крст.
Оваа акција традиционално се прави секоја година со донации собрани од хуманите луѓе.